Македонија Координацијата на државниот врв за предлозите на Нимиц ќе се одржи во...

Координацијата на државниот врв за предлозите на Нимиц ќе се одржи во сабота

Министерството за надворешни работи официјално информираше дека координативниот состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц ќе се одржи во сабота во 18 часот во просториите на Клубот на пратеници.

На состанокот ќе учествуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од МНР велат дека по завршувањето на средбата не се предвидени прес-конференција и изјави за медиумите.