Дописници Концерт во Охрид на светски познатата јапонска пијанистка, Асами Сати

Концерт во Охрид на светски познатата јапонска пијанистка, Асами Сати

Вечерва, од 19 часот, во рамките на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2016“, целовечерен концерт ќе држи познатата јапонска пијанистка Асами Сати.

Сати ќе свири во концертната сала на музичкото училиште „Методи Патче“.

На програмата се дела од Рахмањинов, Шопен, Дебиси и од јапонскиот композитор Сакура.

На Сати, гостин на концертот ќе ѝ биде Ема Потевска-Попивода, со која ќе настапи со композиција од Дебиси за пијано, „Четири раце“.

Сате е светски позната пијанистка и музички продуцент, која живее и работи во Токио, Јапонија.