Забава Концерт на „Грин аут“ во МКЦ

Концерт на „Грин аут“ во МКЦ

Концертната промоција на „Рапаноја” е закажана за 27.11, во денсинг салата на МКЦ со почеток во 21:30

Македонски хипхоп-состав „Грин аут“, неодамна издадениот албум „Рапаноја” ќе го промовира со концерт.

„Грин аут“ e хип-хоперско трио, составено од три уметници со микрофонот, кои зад себе веќе имаат едно албумско издание („Некои скопски бандити“, 2009). Антонио Арангеловиќ (Тонио Сан), Владимир Пешков (Ел-Ди Пистолеро) и Ненад Стефаноски (Фулиш Грин) се дел од новиот бран хипхоп-артисти, кои во досегашните кариери имаат сериозен број солистички проекти, како и членувања и соработки со многу музички имиња како Легијата, Против Сите,  Алтернативниот состав на Фулиш Грин итн.

Концертната промоција на „Рапаноја“ е закажана за 27 ноември, во танц-салата на МКЦ, со почеток во 21.30 часот.

Цената на билетите во претпродажба е 150 денари, а при влегување ќе чини 250 ден. За првите 200 посетители се обезбедени 200 гратис-албуми. Билетите можат да се набават во билетарницата на МКЦ.

„Грин аут“ го најавуваат и специјалниот гостин на настанот – Диџеј Гоце САФ.