Подглавна секција Конгресот со пресвртно гласање доцна синоќа спречи блокада на американската Влада

Конгресот со пресвртно гласање доцна синоќа спречи блокада на американската Влада

Украина беше една од главните причини за можната блокада на американската Влада, за што низа агенции почнаа да вршат подготовки

Буџетот изнесува 577 милијарди долари, вклучително и 64 милијарди за воените ангажмани во странство

Во Конгресот синоќа се случи изненадувачки пресврт и се изгласа закон за финансирање на американската Влада, со што во последен момент се спречи очекуваната блокада, пренесе Би-би-си.

Украина беше една од главните причини за можната блокада на американската Влада, за што низа агенции почнаа да вршат подготовки.

Другата е огромниот буџетски дефицит од два трилиона долари, што се удвои во споредба со лани и е поголем од оние пред пандемијата од Ковид-19. Поради ова републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом, се незадоволни и го развлекуваа одобрувањето на финансиите за работата на владата до последен момент.

Претставничкиот дом гласаше „за“ со две третини мнозинство (335-91) откако спикерот Кевин Мекарти, републиканец, вчера претстави програма по неколкучасовна координација со законодавците републиканци кои се мнозинство во Долниот дом.

Веднаш потоа, Сенатот гласаше со 88 гласа „за“ и 9 „против“ за привремен „стопгеп“ (stopgap) буџет со што федералната влада на САД добива финансии до 17 ноември.

Законот вклучува 16 милијарди долари помош од природни катастрофи побарана од Белата куќа и ја продолжува авторизацијата за Федералната воздухопловна администрација до крајот на годината. Не вклучува доплнителна помош за Украина, иако имаше опширна двопартиска подршка за ова во Сенатот.