Главна секција Груевски, единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Груевски, единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски, била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот што истече денеска во 15 часот, во пресрет на конгресот на владејачката партија за избор на претседател, кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, пишува „Курир“.

Според партиските извори на овој медиум, зад кандидатурата на Груевски застанале голем број делегати, основачи на партијата, претседатели на месни и на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, видни интелектуалци, како и делегати кои краток период биле надвор од партијата, а сега повторно се вратиле.

Викендов ќе се одржи петнаесетиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Настанот ќе се одржи во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати избрани по различни основи. На овој конгрес треба да се избере и претседателот на партијата, а рокот за поднесување на кандидатурата беше до денеска до 15 часот. Кандидатурите требаше да се достават во седиштето на партијата.

Право да предложат кандидат за претседател на партијата имаат најмалку 30 делегати на Конгресот.

Гласањето е тајно и треба да гласааат сите присутни делегати, без исклучок.