Дописници Конференција за климатски промени ќе се одржува во Охрид

Конференција за климатски промени ќе се одржува во Охрид

Од денеска до 10 јуни, во Охрид се одржува Конференција за климатските промени, во организација на „Милиеуконтакт Македонија“, а во рамки на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени.

Во работата на Конференцијата учествува и министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Нурхан Изаири.

– Сливот на езерата, биодиверзитетот и целиот Дримски Басен се особено ранливи од климатските варијабилности. Така беше во 2000 година, кога при сушата страдаше езерскиот систем, така беше и во 2010 година кога при високи води се предизвикаа поплави. Овие две искуства секогаш сум ги презентирал како доказ за потребата за адаптација кон климата во нашиов регион – изјави  Дејан Пановски, македонски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро.