Дописници Комуналците го „засолија” Охридско Езеро

Комуналците го „засолија” Охридско Езеро

Вработените и механизацијата од „Охридски комуналец“, дури изминатиот викенд, по една недела, откако ги оставија охриѓани и бројните гостите да се снаоѓаат како знаат и умеат по градскиот кеј, се фатија за работа.

И тоа преку ден, точно напладне, кога имаше најголема фреквенција на гости во овој дел на градот, со камион го чистеа снегот и се разминуваа со шетачите.

Комуналците со лопати го фрлаа снегот, но и песокот со сол, како и целото ѓубре во езерото, што кај шетачите остави грд впечаток. Засега никоја од еколошките организации официјално не реагирала, освен Општинската организација на СДСМ од Охрид.