Економија Компаниите извршиле градежни работи во странство за 139 отсто повеќе од лани

Компаниите извршиле градежни работи во странство за 139 отсто повеќе од лани

Во првите три месеци од годината, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 39.062.103 долари, што е за 14,1 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Од јануари до март, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 6. 318.534 долари, што е за 139,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија, Босна и Херцеговина и во Германија.