Македонија Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за...

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот заеднички на „Фејсбук“ ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.