Економија Комисиската расправа заврши, предлог-буџетот за 2019 денеска на владина седница

Комисиската расправа заврши, предлог-буџетот за 2019 денеска на владина седница

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2019 година заврши и е вратен во Влада, која денеска од 9 часот ја одржува 109 седница.

„Со почеток во 09 часот, започна 109. седница на Владата со единствена точка на дневниот ред, дополнет предлог – буџет за 2019 година“, информираат од Влада.

Потоа, предлог-буџетот за 2019 година се враќа во Собрание, по што претседателот Талат Џафери треба да закаже пленарна седница на која ќе почне расправата.

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот на економијата 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП).