Економија Комисиската расправа за буџетот повторно закажана во 13 часот

Комисиската расправа за буџетот повторно закажана во 13 часот

Собранието денеска го закажа, го одложи и пак го закажа првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Според последната информација од собраниските служби за односи со јавноста, продолжението на расправата е закажано за денеска во 13 часот.

Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и оттогаш нејзиното одржување се одложува пет пати.

Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ, наспроти 2,9 проценти лани. Министерот за финанасии, Драган Тевдовски, рече дека тоа е за постепено намалување на долгот и за фискална консолидација.

ВМРО-ДПМНЕ и Беса имаат поднесено 270 амандмани за предложениот буџет.