Главна секција Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на владата за уставни промени

Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на владата за уставни промени

Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот според Договорот од Преспа.

Комисијата ја задолжи Владата во рок од 15 ден да подготви и достави текст со нацрт амандмани и да ги земе предвид забелешките изнесени на седницата на Комисијата.

„За“ гласаа 10 пратеници од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, а воздржани немаше.

В понеделник предлогот на Владата ќе се најде на дневен ред на пленарна седница во Собранието каде после расправата од максимум десет дена треба да биде изгласан од двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.