Македонија Комисијата го утврди составот на ДИК, Собраниска седница во 18 часот

Комисијата го утврди составот на ДИК, Собраниска седница во 18 часот

Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница без расправа едногласно ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција оваа есен.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, закажа собраниска седница во 18 часот на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е утврден за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател. Членови на Комисијата ќе бидат Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса.

На вечерашната седница на Собранието, покрај изборот на членови на ДИК, ќе бидат разгледани и измените во законот за финансирање на политички партии , на Законот за Влада и измените на Изборниот законик, според договореното на лидерската средба во понеделникот.