Свет Коми останува на чело на ФБИ

Коми останува на чело на ФБИ

Директорот на американското Федерално истражно биро, Џејмс Коми, ќе остане на чело на оваа полициска служба.
Според документот од министерството за правда на САД, Коми е меѓу лицата што ќе ги задржат своите позиции.

Директорот на ФБИ се поставува со 10-годишен мандат, што му овозможува да ја води агенцијата за време на различни претседателски администрации, дури и кога друга партија ќе ја преземе Белата куќа.

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, го критикуваше ФБИ за време на кампањата поради одлуката да не се поднесе обвинение против неговата ривалка Хилари Клинтон, но за време на викендот топло го поздравил на состанокот со безбедносните и со разузнавачките служби.