Економија Комерцијална банка: Нема да има ограничувања при користењето картички во Грција

Комерцијална банка: Нема да има ограничувања при користењето картички во Грција

Со оглед на актуелната состојба во Грција и воведувањето капитални контроли, Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека со картичките издадени од банката, граѓаните нема да имаат никакви ограничувања при користење во Грција.

– Врз основа на комуникацијата со компаниите „Виса интејнејшнел“ и „Мастеркард ворлдвајд“, во моментов нема да има никакви ограничувања од страна на банката при користење на нејзините картички во Грција – велат од банката.