Свет Европа Комби влета во група луѓе во центарот на Барселона, неколкумина повредени

Комби влета во група луѓе во центарот на Барселона, неколкумина повредени

Неколку луѓе се повредени кога комби се залетело и удрило во пешаци на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми.

Службите за итна помош, апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и побарале да бидат затворени трамвајските и метро-страниците.

Извештатите од местото наведуваат дека луѓето се засолнуваат во околните продавници и кафулиња.

Возачот на комбито побегнал од местото, јавуваат дел од шпанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Плоштадот „Каталуња“ е едно од најфрекфентните места во Барселона кое дневно го посетуваат илјадници туристи.