Свет Балкан Командантот на КФОР ги повика српската и косовската страна да преземат одговорност...

Командантот на КФОР ги повика српската и косовската страна да преземат одговорност наместо да се кријат зад лажни наративи

Командантот на мисијата на КФОР, Анџело Микеле Ристуча лично ги повика двете страни да преземат одговорност за она што се случи „наместо да се кријат зад лажните наративи“

Фото: kossev.info

Бројот на ранети војници на КФОР за време на вчерашните немири во Звечан се искачи на 30, информираат од оваа мисија. Меѓу нив се 11 војници од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, пишува KoSSev.

Како што прецизираат од КФОР, војниците се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од „импровизирани експлозивни направи“.

КФОР соопшти дека тројца унгарски војници биле ранети од огнено оружје, нагласувајќи дека нивните животи не се во опасност.

Тие накратко се осврнаа на вчерашниот ден, повторувајќи дека всушност одговориле на „неиспровоцираните напади“ додека го извршувале својот мандат од ОН на непристрасен начин.

Оттаму повторија дека командантот на оваа мисија Анџело Микеле Ристуча сè уште лично го следи развојот на ситуацијата.

Тој денеска ги повика двете страни да преземат одговорност за она што се случи „наместо да се кријат зад лажните наративи“.

За да се избегнат конфликти меѓу страните и да се спречи ризикот од ескалација, мировните сили на КФОР спречија закани по животите на косовските Срби и косовските Албанци. Двете страни треба да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација, наместо да се кријат зад лажни наративи, рече Ристуча.

Ден после нередите, на северот на Косово мирно, но уште има протести