Галерија Колони граѓани за трибината во „Борис Трајковски“

Колони граѓани за трибината во „Борис Трајковски“

По скопскиот булевар Илинден, колона граѓани се упатуваат кон салата „Борис Трајковски“ каде денеска напладне, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина.

Репортерот на „Мета“ забележа и автобуси кои се паркирани покрај булеварот Партизнски одреди, а кои носеле членови на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани од другите градови.

„Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки за она за што се залага и за она што го планира партијата во наредниот период“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е бесплатен. Ќе говори премиерот Никола Груевски, а главна тема ќе бидат актуелните политички случувања во земјава.