Македонија Коџабашиев: На Зоран Заев и на политичарите на СДСМ не им е...

Коџабашиев: На Зоран Заев и на политичарите на СДСМ не им е местото во Велес

Велес е градот кој најмногу пропати од политиките на СДСМ, кои значеа затворање фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа, изјави денеска Ѓорѓи Коџабашиев од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ во Велес е синоним на поимите транзиција и криминална приватизација. На Зоран Заев и на политичарите на СДСМ не им е местото во Велес. СДСМ во Велес е синоним за грабеж, пустош на економијата и за уништување на цели семејства. Поради штетите што зад себе ги оставија, СДСМ и Заев никогаш не се добредојдени во Велес. Нема добредојде од Велес за Заев и за СДСМ затоа што оставија рекордни 16.912 луѓе без работа. Има голема разлика помеѓу политиките што ги водеше ВМРО-ДПМНЕ и политиките на СДСМ. Тоа велешани најдобро го знаат – вели Коџабашиев.

Според Коџабашиев, политиките на СДСМ треба да бидат политики на минатото.