Македонија Коалицијата за промени и правда порача дека е за унитарна држава

Коалицијата за промени и правда порача дека е за унитарна држава

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во првата изборна единица, Павле Трајанов, на вечерашниот митинг во Кисела Вода ги повика неопределените да излезат и да гласаат за промени, за да се создадат услови да се спроведе правото.

– Стратешки, национален и државен интерес е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ. За тоа има граѓански консензус и тоа ќе го направиме, без да го менуваме уставното име. Ние сме за унитарна и демократска Македонија – рече Трајанов пред присутните.

Тој истакна дека економската програма на Коалицијата за промени и правда ќе обезбеди услови во кои ќе се вработат повеќе од 90.000 млади и квалификувани кадри и дека од буџетот ќе се наменат 800 милиони евра за економски развој.

– Предвидовме и бесплатна здравствена заштита и модерни регионални здравствени центри. Во образованието, реформите ќе ги прават универзитете, студентите и бизнис-заедниците, а ќе го укинеме и екстернето тестирање – додаде Трајанов.