Дописници Книжевно пладне посветено на руските поетеси Ахматова и Цветаева

Книжевно пладне посветено на руските поетеси Ахматова и Цветаева

По повод 21 март, Светскиот ден на поезијата, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид и почесниот конзулат на Руската Федерација, во Охрид, денеска организираа книжевно пладне.

Пред љубителите на поетскиот збор, беше претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941).

За нивниот живот и творештво говореше Елена Обухова, додека стихови интерпретираа Тоде Илиевски и Маја Мојсова.