Свет Европа Книговодителот од Аушвиц осуден на четиригодишна затворска казна

Книговодителот од Аушвиц осуден на четиригодишна затворска казна

Германскиот суд денеска го осуди на затворска казна 94-годишниот Оскар Гронинг, поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, поради сооучесништво во убиството на најмалку 300.000 Евреи, јавува „Би-Би-Си“.

Гронинг, кој е познат по прекарот Книговодителот од Аушвиц, е осуден на казна затвор од четири години, но многумина што го следеа случајот, отслужувањето на казната го ставаат под знак прашалник, поради возраста на осуденикот.

Судскиот процес се одржа во градот Луенбург, во северниот дел на Германија.

Гронинг за време на неговата служба во Аушвиц бил задолжен за попис на предемтите што биле конфискувани од затворените во логорот.

Неговите адвокати изјавиле дека тој не учествувал во геноцидот, на што обвинителите одговориле дека, сепак, помогнал во функционирањето на логорот на смртта.

По завршувањето на судскиот процес, се смета дека Гронинг ќе биде еден од последните нацисти што седнале на обвинителна клупа.

Читајќи ја пресудата, судијата Франц Компиш рекол дека Гронинг своеволно прифатил „безбедна канцелариска работа“ во систем кој бил „нехуман и во целост неподнослив за човечката психа“.