Свет Клинтон именуваше преоден тим во случај да победи

Клинтон именуваше преоден тим во случај да победи

Кандидатката на Демократската партија во трката за Белата куќа, Хилари Клинтон денеска го именуваше преодниот тим за примопредавање на должноста со претседателот на САД, Барак Обама во случај да победи на претседателските избори закажани за ноември.

Именувањето на таков тим е вообичаена процедура во американскиот изборен процес и има за цел да ја подготви транзицијата, од изборите во ноември до преземањето на должноста, нов претседател во јануари.

Сојузната администрација од 2010 година има средства за финансирање на тимовите на секој кандидат пред изборите, така што, меѓу другото им ги дава на располагање своите канцеларии на тие тимови.

Републиканскиот кандидат, Доналд Трамп во мај го именуваше гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи за претседател на својот преоден тим.