Економија Климатските промени можат да турнат во сиромаштија 100 милиони луѓе

Климатските промени можат да турнат во сиромаштија 100 милиони луѓе

Климатските промени до 2030 година, би можеле да турнат во екстремна сиромаштија повеќе од 100 милиони луѓе со негативни последици врз земјоделството, поттикнување маларија и други болести, соопшти Светска банка.

Во извештајот, објавен неколку недели пред самитот на ОН во Париз за климатските промени, се нагласува дека глобалното затоплување може негативно да дејствува на сиромашните кои не се подготвени за климатски шокови, како што се подигнување на нивото на морето или појава на големи суши.

– Тие имаат помалку ресурси и добиваат помалку поддршка од заедницата, финансискиот систем, па и мерките на социјална заштита – наведува Светската банка.

Како да им се помогне на сиромашните земји и заедници во одредени земји за да се соочат со климатските промени, е едно од клучните прашања во разговорите за договорот за климатските промени, кој треба да биде усвоен следниот месец во Париз.