Ctrl - Z Кинотеката со повик до средношколците да учествуваат на „Филмска училница“

Кинотеката со повик до средношколците да учествуваат на „Филмска училница“

Кинотеката на Македонија отвори повик за учество во нивниот проект Филмска училница наменет за средношколците. Овој проект е замислен како интерактивна училница со цел едукација на младите од средните училишта во сите области на филмот.

Идејата е да се поттикне и да се подигне свеста за значењето, влијанието и вредноста на аудио-визуелната уметност. Целта на проектот е учесниците да ги добијат основите на филмското познавање и да добијат основни вештини за создавање на филмови.

Оваа филмска училница ќе биде реализирана со помош од професори од високо образовни филмски школи и професионалци од различни филмски професии.