Хроника Кинез кој работел на автопатот Охрид – Кичево, фатен како поставува стапици...

Кинез кој работел на автопатот Охрид – Кичево, фатен како поставува стапици за животни

Градежен работник од Кина, кој работел на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, вчера околу 14 часот бил фатен од полициска екипа како поставува стапици за животни во селото Малкоец, соопшти СВР Охрид.

Станува збор за З.З. (44), кој бил привремено сместен во селото Извор. Тој бил приведен од полицијата, која го товари за незаконит лов. По консултација со јавен обвинител, полицијата решила против него да поднесе кривична пријава и околу 20 часот го пуштила на слобода.