Свет Кинеската морнарица спасила товарен брод од пирати

Кинеската морнарица спасила товарен брод од пирати

Кинеската морнарица спасила еден товарен брод во Аденскиот Залив од напад на пирати кои до бродот „допловеле“ со чамец.

Во соопштението се наведува дека 16 припадници на кинеските специјални сили вчераутро се спуштиле со хеликоптер на бродот кој пловел под знамето на островската држава Тулаву.

Деветнаесетте членови на екипажот се засолниле во безбедна кабина на бродот, додека припадниците на специјалните единици го претресле бродот за да осигураат дека нема други закани.

Морнарицата го примила повикот за помош во саботата, а во него се наведувало дека бродот е нападнат од непознат број пирати кои пристигнале со еден чамец.