Свет Свет Кина: Пожарите сè уште беснеат, спасен еден пожарникар

Кина: Пожарите сè уште беснеат, спасен еден пожарникар

Пожари сè уште горат во пристаништето што се наоѓа во кинескиот град Тианјин и 36 часа по експлозијата, а спасителите пронашле еден преживеан пожарникар во пепелта.

Се работи за пожарникарот Зоу Тим, кој има 19 години. Официјално лице претходно соопшти дека 17 пожарникари загинале, а Министерството за јавна безбедност наведе дека 18 други се водат како исчезнати.

Тим на воени експерти ги истражуваат отровните гасови на местото на несреќата, а на спасувачите им е наредено да носат заштитна облека.

Шефот на пожарникарната служба во Тианјин, Зхоу Тиан, им соопштил на новинарите дека повеќе од 1.020 пожарникари и 140 пожарникарни возила и понатаму се борат да го изгаснат пожарот.

Најмалку 3.500 жители ноќта ја поминаа во привремени засолништа.