Свет Кина оформи три нови воени единици

Кина оформи три нови воени единици

Кина оформи три нови воени тела, односно единици во рамки на реформите кои треба да ги модернизираат вооружените сили и да ја зголемат нивната борбената готовност.

Државната телевизија денеска емитуваше снимка на која претседателот Кси Ѓинпинг им предава воени знамиња на лидерите на трите нови единици – генерална команда на Народната ослободителна армија, на ракетните сили и на силите за стратешка поддршка.

Кси Ѓинпинг рече дека трите нови единици се формирани за да се модернизира и да се исполни кинескиот сон за силна армија.

Кинеската војска во моментов брои 2,3 милиони лица, а во план е да се намали за 300.000.