Економија Кина ја претрка Европската унија во производство на енергија од ветер

Кина ја претрка Европската унија во производство на енергија од ветер

Кина ја претрка Европската унија и стана најголем регион во светот по производство на електрична енергија од ветар, благодарение на огромен број инсталирани ветерници, покажа најновиот извештај на Светскиот совет за енергијата од ветрот.

Кина инсталираше половина од вкупно 63 гигавати нови ветерници изградени во 2015 година, така што сега поседува околу една третина од вкупната инсталирана сила на ветерниците.

Тоа е двојно поголем процент од тој што го имаат САД и трипати поголем од Германија, која има најголем капацитет.

Пекинг очекува дека обновливите извори на енергија, вклучувајќи ветер, сонце, нуклеарна и водена сила, ќе бидат 30 проценти од вкупната енергија на земјата до 2020 година.