Свет Кина: 17 загинати при пожар во трговски центар

Кина: 17 загинати при пожар во трговски центар

Најмалку 17 лица загинаа откако пожар изби во трговски центар во Јужна Кина.

Како што јавуваат локалните медиуми, 270 пожарникари и 45 противпожарни возила цели 18 часа се справувале со пожарот, кој избил на последниот кат на четирикатницата во округот Хуидонг во југоисточната провинција Гуангдунг.

Деветмината менаџери на трговскиот центар веднаш се приведени, а полицијата ги истражува причините за пожарот.