Свет Европа Киев: 1.500 руски војници и конвој воена опрема ја минаа границата

Киев: 1.500 руски војници и конвој воена опрема ја минаа границата

Најмалку 1.500 руски војници и конвој воена опрема во текот на викендов влегоа во Украина, соопшти денеска украинска војска.

Портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенско, на новинарите им соопшти дека 1.500 руски војници и 300 парчиња воена опрема, вклучувајќи и ракетен систем „град“, ја минале украинско-руската граница на 7 и на 8 февруари.

Околу 170 возила, вклучувајќи камиони, автоцистерни и автомобили, исто така ја преминале границата, додаде Лисенко.
Официјален Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека ги снабдува проруските сили со опрема и со борци да се борат против украинската војска на истокот на земјата, што Русија го негира, наведувајќи дека немаат докази за таквите тврдења.