Свет Европа Кери следната недела во посета на Русија

Кери следната недела во посета на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Џон Кери, разговараа за подобра координација во функција на одржување на прекинот на огнот во Сирија.

Лавров и Кери во телефонски разговор потврдија дека американскиот државен секретар наредната недела ќе отпатува во Русија, соопшти руското министерството за надворешни работи.

Од Кремљ и претходно во текот на денот сигна потврда дека официјална Москава е задоволна од начинот на кој САД соработуваат со Русија за воспоставување мировно решение во Сирија.

– Сега е најважно да соработуваме во напорите да примениме мировно решение за Сирија – рече портпаролот на владата, Дмитри Пешков.