Свет Свет Кери: Русија и Сирија намерно го тероризираат цивилното население

Кери: Русија и Сирија намерно го тероризираат цивилното население

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија и Сирија ќе мора да се соочат со истрага за воени злосторства поради нападот на сириски цивили.

Кери истакна дека најмалку 20 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети синоќа, кога сириските сили бомбардирале уште една болница.

– Таквите постапки бараат адекватна истрага за воени злосторства – изјави Кери.

Тој додаде дека тие напади не можат да се сметаат за случајност, туку дека руските и сириските воени сили имаат цел да ги тероризираат цивилите.