Свет Кери: Русија и Асад да го почитуваат примирјето во Сирија

Кери: Русија и Асад да го почитуваат примирјето во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е неопходно да се направи сè за да се воспостави вистински прекин на непријателството во Сирија, да се овозможи достава на хуманитарна помош и да се обноват мировните преговори.

Кери ги повика Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад да го почитуваат примирјето, предупредувајќи дека трпението на Вашингтон е при крај.

– За продолжувањето на насилствата, сметаме дека се одговорни и одредени претставници на опозицијата – рече Кери.
Примирјето кое беше договорено во февруари, не се одржа, а опозицијата и владата во Дамаск меѓусебно се обвинуваат за неуспехот.