Свет Кери пристигна на Куба

Кери пристигна на Куба

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Хавана каде ќе го подигне знамето во новоотворената американска амбасада во Хавана, симната пред 54 години. Тој е прв американски државен секретар кој ја посети Куба по 70 години.

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кубански колега Раул Кастро објавија на 17 декември дека повторно воспоставуваат дипломатски односи. Обама рече дека ќе го ублажи американското трговско ембарго против Куба со серија извршни акции, кои на Американците ќе им овозможи полесно да патуваат на Куба и да тргуваат со се побројните приватни бизнисмени од оваа земја.