Свет Кери и Лавров во Хамбург разговараа за Алепо

Кери и Лавров во Хамбург разговараа за Алепо

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, синоќа во Хамбург разговараа за ситуацијата во сирискиот град Алепо. Средбата се одржа пред почетокпот на дводневниот министерски состанок на земјите-членки на ОБСЕ, на кој присуствуваат министри од 57 земји.

– Ја разгледавме особено тешката ситуација во Алепо и разменивме некои идеи за тоа. Планираме утре да стапиме во контакт за да видиме до каде сме со ставовите и со идеите – рече синоќа Кери.

Лавров пред средбата изјави дека ја поддржува иницијативата на Вашингтон од 2 декември за источно Алепо, според која бунтовниците треба да го напуштат овој дел од градот.

– Ја потврдувам поддршката за американската иницијатива од 2 декември – рече Лавров, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија го поддржува предлогот за примирје во Алепо.

Шефот на руската дипломатија истакна дека оваа американската иницијатива се совпаѓа со ставовите на официјална Москва. Сепак, тој повтори дека Москва нема да го прифати предлогот на САД од 5 декември, според кој треба да се воспостави примирје. Москва смета дека бунтовниците би можеле го искористат примирјето за прегрупирање, а не за напуштање на источен Алепо.