Свет Кери: Две држави – Израел и Палестина – не е невозможен сон

Кери: Две држави – Израел и Палестина – не е невозможен сон

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска во седиштето на Обединетите нации рече дека решението, две држави за Израел и за Палестина не претставува невозможен сон.

„Ционистичкиот сон опфаќа концепт за Израел како еврејска демократија во која може да живеат сите нации. Тој сон може да опстане и со две држави, кои безбедно би живееле една со друга. Сите знаеме дека тоа не е невозможен сон – рече Кери на средба со израелските претставници во ОН.

Изјавата на Кери доаѓа неколку дена по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, за време на која не е покажана голема волја да заживеат израелско-палестинските преговори.