Економија Ќе се укинува временското ограничување на продажбата на алкохол

Ќе се укинува временското ограничување на продажбата на алкохол

Министерството за економија на денешната владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија во согласност со иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис-заедницата“.

„Со информацијата, Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинување на времето за продажба на алкохол и за укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца“, стои во соопштението од владината седница.