Главна секција Ќе се разграничуваат политичките од професионалните шефови во администрацијата

Ќе се разграничуваат политичките од професионалните шефови во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон за висока раководна служба. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи се вели дека во законодавството не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба.

„Со новиот закон за висока раководна служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции – издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност. ВРС ќе има специфичен правен статус, одвоен и различен од законот за административни службеници. Со одредбите од новиот закон за висока раководна служба ќе се дефинира високата раководна служба и ќе се воспостави централно тело Комисија за селекција на високата раководна служба“, се вели во образложението.