Македонија Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната станица кај Градско преку општина Росоман и Кавадарци до општина Прилеп.

– Стариот пат останува и ќе биде локален пат – соопшти градоначалникот Александар Панов по приемот на претставниците од Агенцијата за патишта во својот кабинет. Владата на РМ работи сериозно на овој проект, а тоа се гледа и од денешната средба со граѓаните и заинтересираноста за експропријација односно давање надомест за одземено земјиште.