Свет Европа Казнев: Британија да ги прифати децата од бегалскиот камп во Кале

Казнев: Британија да ги прифати децата од бегалскиот камп во Кале

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, изјави дека Велика Британија би требало да ги преземе сите деца од бегалскиот камп Џунгла во Кале, кои имаат семејства во Британија.

– Ја молам Британија да постапи во согласност со својата морална должност – рече Казнев за радио РТЛ по посетата на Лондон.

Казнев рече дека во бегалскиот камп има неколку стотини деца чии семејства се во Британија.