Свет Европа Казахстан: Пет загинати во хеликоптерска несреќа, меѓу нив и бебе

Казахстан: Пет загинати во хеликоптерска несреќа, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе загинаа во пад на хеликоптер во Казахстан, јавија денеска казахстанските медиуми.
Порталот „Тенгринњуз“, повикувајќи се на претставници на министерството за внатрешни работи, наведе дека хеликоптерот „МД-600Н“ исчезнал од радарите во средата.

Спасувачките екипи утринава пронашле остатоци од леталото во кањон на југоистокот од земјата.

Бебето што било во хеликоптерот требало да биде префрлено во болница.

Причината за падот на хеликоптерот засега не е позната.