Македонија Каталонското прашање треба да се реши во рамки на Уставот на Шпанија,...

Каталонското прашање треба да се реши во рамки на Уставот на Шпанија, смета Димитров

Прашањето за Каталонија треба да биде решено во рамки на Уставот на Шпанија, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Загрижуваат случувањата поврзани со референдумот во Каталонија. Нашиот став е дека тоа прашање може да се реши само во рамките на уставниот поредок на Шпанија и низ политички дијалог. Прашањето е премногу комплексно за во овој момент да се искаже каков било поинаков став – рече Димитров.

Министерот, сепак, не одговори каков ќе биде ставот на Македонија доколку Каталонија прогласи независност, истакнувајќи дека не одговара на хипотетички прашања за деликатна тема, за важна членка на Европска Унија.

Европската комисијата денеска го оцени како нелегален референдумот за независност на Каталонија од Шпанија.

Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните излегле на референдумот за независност и се изјасниле дека се за независност на оваа област од Шпанија.

Каталонија има 5.340.000 жители со право на глас, што значи дека на референдумот излегле 42,3 отсто, односно 2.020.144 гласале „за“.