Свет Европа Каталонскиот парламент ќе гласа за независност од Шпанија

Каталонскиот парламент ќе гласа за независност од Шпанија

Парламентот на шпанската покраина Каталонија денеска ќе гласа за планот за независност од Шпанија до 2017 година, што го поднесоа сеционистичките партии, кои освоија мнозинство на последните избори.

Шпанската влада ја оцени иницијативата како неуставна, а премиерот Маријано Рахој најави законски мерки за оспорување на иницијативата.

Уставниот суд во Шпанија минатата недела, во четвртокот, оцени дека гласањето, сепак, може да се одржи.