Свет Европа Каталонија ќе биде исфрлена од ЕУ и од еврозоната ако прогласи независност

Каталонија ќе биде исфрлена од ЕУ и од еврозоната ако прогласи независност

Шпанската централна банка денеска порача дека покраината Каталонија автоматски ќе биде исфрлена од Европската унија и од еврозоната доколку прогласи независност од Шпанија.

Каталонците в недела гласаат на регионални парламентарни избори, а сецесионистичките партии најавуваат дека во случај да освојат мнозинство од 165 места во парламентот, ќе бараат независност во рок од 18 месеци. Според последните анкети на јавното мислење, овие партии би требало да освојат мнозинство.

Каталонија, чиј главен град е Барселона, со 19 отсто придонесува во домашниот бруто-производ на Шпанија.