Македонија Карпошани утринава дишат многу загаден воздух

Карпошани утринава дишат многу загаден воздух

Во општина Карпош денеска измерено е многу високо ниво на загаденост на воздухот. Канцерогените ПМ10-честички утринава достигнаа 120 микрограми на еден кубен метар, што е за 2,5 пати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Во Карпош, многу високо ниво има и на ПМ2,5-честички, кои денеска достигнаа 200 микрограми на еден кубен метар, што е за 8 пати повеќе од дозволените 25 микрограми.

На мерните станици во Центар, Ректорат и во Куманово утринава беше измерено средно ниво на загаденост, додека другите мерни станици покажуваат дека нема загадување на воздухот.