Главна секција Караџовски не бил „во романтична врска“ со власта, бара поголеми плати за...

Караџовски не бил „во романтична врска“ со власта, бара поголеми плати за судиите

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски на денешната прес-конфренцијата најави дека во 2018 година советот ќе презема конкретни активности за подобрување на условите за работа на судиите бидејќи, како што се пожали, платите во македонското судство се најниски во цела Европа.

– Знаеме дека во штотуку усвоениот буџет не се предвидени средства, меѓутоа затоа треба од почетокот на оваа година да се преземат активности. Некакви активности, за мене срамежливи, беа преземени од Здружението на судии, но немаше некој поголем одзив. Во последните две години платите во судството во Република Македонија се на најниско ниво во цела Европа – рече Караџовски.

Прашан дали тој или другите членови на Советот имаат кредибилитет да зборуваат за реформи и за незавинсо судство, ако се имаат предвид критиките од меѓународната заедница, Караџовски рече дека тој лично има кредибилите затоа што меѓународните критики за судството се однесуваат за периодот до 2014 година, односно пред стане член на Судскиот совет.

– Потребна е сеопфатна анализа и да се изнајдат судиите кои имаат проблем со својот интегритет и се огрешиле пред законот – рече Караџовски, кој негираше дека е „во романтичка врска со власта“.

Во врска со реформите во правосудстово тој изјави и дека според него Специјалното јавно обвинителство треба што поскоро да стане дел од редовното Јавно обвинителство, бидејќи 2019 година, како што сега е предвидено во стратегијата за судството, е многу доцна.

Околу извештајот за злоупотребите со автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети, Караџовски рече дека го добиле извештајот и дека испратиле мислење во врска со него до Министерството за правда.