Главна секција Караџовски: Хроника на едно салто мортале, како “инфантилното“ СЈО го смести во...

Караџовски: Хроника на едно салто мортале, како “инфантилното“ СЈО го смести во ЈО

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски на денешната прес-конференција, меѓу другото рече оти смета дека Специјалното јавно обвинителство што поскоро треба да стане дел од редовното Јавно обвинителство и да не се чека 2019 година, како што предвидува стратегијата за реформи во правосудството, затоа што би било доцна.

Тој се пожали и дека во македонското судство платите се најниски и дека во 2018 година Судскиот совет ќе презема „конкретни активности за подобрување на условите за работа на судиите“.

Истиот Караџовски пред неполна година велеше дека СЈО е инфантилно, а изјавите на специјалната јавна обвинителка, Катица јанева ги оценуваше како неетички, нецивилизрани и некултурни.

Изјави и коментари на Караџовски за СЈО:

7 октомври 2016  околу изјавата на Јанева дека СЈО води истраги за судии во Управниот суд

Крајно неетички, нецивилизирано и некултурно е така да се изјавува. Дури за време на интервју на една телевизија со национална концесија оваа недела, Јанева кажа за некои судии дека ‘можеби не се ни луѓе, а да не разговараме за нивниот морал’. Тоа е недозволиво за еден функционер, а не, пак, за еден обвинител затоа што постои кодекс на судска етика и има кодекс на јавнообвинителска етика

1 февруари 2017 го коментира соопштението на СЈО:

Се работи за, најблаго речено, инфантилно однесување… Вакви односи рекла-кажала и обвинувања преку медиуми, па скандализирање и сензционализам од вас новинарите, па скандал во суд, јас го разбирам како пристрасно постапување и од ваша страна

22 февруари 2017 – за новинарите и нивното известување за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1:

Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и вокабулар од тие што се интервјуирани и од некои од новинарите или од самонаречени новинари. Подобни и неподобни судии нема, сите се судии. Никој не е привилегиран или хендикепиран доколку работи во друг оддел. Оценката е тука, во конкретниот случај на в.д. претседателот на судот

23 ноември 2016 за скандалите и тензиите меѓу одредени судии:

Преголемата транспаретност и изнесувањето информации за состојбите во судовите во медиумите го нарушуваат угледот на судството