fbpx

Караџовски бил фрапиран од новинарите што известувале за новиот распоред на судии

-

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бил „зачуден и фрапиран“ од известувањето на новинарите за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, со кој извесен број судии што досега работеле на кривични предмети, се префрлени во прекршочното или во други оддели.

– Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и вокабулар од тие што се интервјуирани и од некои од новинарите или од самонаречени новинари. Подобни и неподобни судии нема, сите се судии. Никој не е привилегиран или хендикепиран доколку работи во друг оддел. Оценката е тука, во конкретниот случај на в.д. претседателот на судот (Татјана Михајлова, н.з.) – изјави Караџовски, по денешната седницата на Судскиот совет.

Од Кривичниот суд вчера соопштија дека ќе го ажурираат списокот на судии на интернет-страница на судот, според новиот годишен распоред што го донесе Михајлова, но до денеска попладне, тоа сè уште не е направено.

Судијата Седат Реџепагиќ, кој е со 30-годишен стаж во судот, а според новиот распоред од кривичниот е прераспореден во прекршочниот оддел, за „Телма“ вели дека распоредот бил направен без консултација со колективот, а одлуката била соопштена на колегиум, што е спротивно на Законот за судови.

– Досега, според системот на оценување, сум имал највисоки оценки. Не знам која е причината за прераспоредувањето. Ова може да се толкува како чудна одлука за распоред, базирана на дневно-политичка основа. На најтешките случаи се ставаат млади судии од други градови, без стаж и искуство, а перјаниците на судот и искусни судии се префрлаат. Мислам дека зад ова стои поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, а не Михајлова, поради петицијата за неговото работење – вели Реџепагиќ.

Инаку, Основниот суд Скопје 1 е надлежен за процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...